7.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Изгоре трибина на стадион во Финска: „Отиде сѐ, топки, дресови, копачки, немаме ништо“ (Видео)

Финскиот прволигаш ИФ Гнистан остана без една од трибините на својот стадион „МустаПеки Арена“. Трибината изгоре во страшен пожар, а таму беа сместени клупските простории, заедно со комплетната спортска опрема, како топки, дресови, копачки и сѐ друго што е клучно за функционирањето на клубот.

Станува збор за клуб кој во последните две години вложи повеќе од милион евра токму во таа трибина, која сега ја загуби, сè со цел да ги исполни условите за влез во елитната лига на финскиот фудбал. Ова им е прва сезона во највисок ранг, никогаш порано во стогодишната историја на клубот не биле прволигаши.

„Голема трагедија. Машкиот и женскиот тим останаа без сè. Во тек е истрага за пожарот, засега немаме многу повеќе од тоа да кажеме. Само знам дека оваа сезона нема веќе да играме на стадионот. Се јавија клубови кои сакаат да ни помогнат и да ни дозволат користење на нивните терени за тренинзи и за натпревари“, изјави претседателот на клубот, Ристо Мурто.

- Оглас -

Најнови вести