Светската фудбалска федерација (ФИФА) во скоро време може да добие нов член. Се очекува нов член да стане Гренланд, но пред извесно време се појави уште една селекција.
Се работи за Федеративната единица Микронезија, или скратено само Микронезија. Оваа анонимна држава е ставена на листата на непријатели на Русија кога се работи за воениот конфликт со Украина. Се наоѓа во Океанија, а по последниот попис има само 115.000 жители.
Од спортски аспект, репрезентацијата на Микронезија во 2003 година играше на игрите на Јужен Пацифик, каде што загубија со убедливи 18:0 од Нова Каледонија. Во последните една и пол деценија оваа селекција не игра во сениорска конкуренција, а активна е само со У23 репрезентацијата.
Во 2015 година, У23 селекцијата на Микронезија беше дел од Пацифичките игри и во три меча прими неверојатни 114 погодоци, што е фудбалски антирекорд. На дуелот против Вануату загубија со 46:0, од Фиџи беа поразени со 38:0, а од Тахити загубија со 30:0.