Изгубивме двајца шампиони, нивната смрт претставува непоправлива загуба

Фудбалската ѕвезда Диего Жота (28 години) и неговиот две години помлад брат Андре загинаа утрово во сообраќајна несреќа. Автомобилот во кој биле браќата Жота излетал од патот, а потоа се запалил.

Диого беше светска ѕвезда која играше во Ливерпул и еден од нејзаменливите во португалската репрезентација. Фудбалер беше и Андре, кој играше во португалското првенство.

Веднаш по трагедијата со официјално соопштение се обратија од португалската федерација.

„Изгубивме двајца шампиони. Нивната смрт претставува непоправлива загуба за португалскиот фудбал, ќе направиме сè за да го почитуваме нивното наследство секој ден“, се вели во постот од португалската федерација по трагедијата во која загинаа Диого и Андре Жота.

- Оглас -

Најнови вести