Манчестер сити и Интер утревечер од 21 часот на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул, ќе играат во финалето во Лигата на шампионите, а весникот „Марка“ внесе паника кај навивачите на Граѓаните.
Имено, „Марка“ потсети на изјава на Лука Модриќ, по минатогодинешниот триумф на Реал Мадрид во финалето на ЛШ над Ливерпул од 1:0.
„Пријателе, знаеш ли што ќе ти кажам? Мора да имаш Хрват во својот тим за да победиш во финале на Лига на шампиони. Хрвати десет пати по ред биле европски шампиони. Десет пати“, се зборовите на Модриќ од соблекувалната на Реал Мадрид по триумфот над Ливерпул.
„Марка“ исто така пишува дека иако Манчестер сити е фаворит на утрешниот меч, Интер во своите редови има Хрват, тоа е Марсело Брозовиќ.
Хрватски фудбалери кои во последните десет години триумфирале во ЛШ:
2022 – Лука Модриќ (Реал Мадрид)
2021 – Матео Ковачиќ (Челси)
2020 – Иван Перишиќ (Баерн Минхен)
2019 – Дејан Ловрен (Ливерпул)
2018 – Лука Модриќ, Матео Ковачиќ (Реал Мадрид)
2017 – Лука Модриќ, Матео Ковачиќ (Реал Мадрид)
2016 – Лука Модриќ, Матео Ковачиќ (Реал Мадрид)
2015 – Иван Ракитиќ (Барселона)
2014 – Лука Модриќ (Реал Мадрид)
2013 – Марио Манџукиќ (Баерн Минхен)