Во период кога фудбалот и сите останати спортови се во застој, селекторот на Германија, Јоахим Лев, има можност да навлезе во длабоко размислување со цел да ја разбере ситуацијата која се случува низ целиот свет. Пандемијата со Коронавирусот е во екот, се затвораат граници, европските земји потполно се изолираат со цел да се спречи ширењето на опасниот вирус.
Изјавата на Лев треба да користи како будење на свеста на сите луѓе на овој свет.
„Изминативе неколку дена имав доста слободно време и размислував како најлесно да ја сфатам целата ситуација. Ми се чини дека светот доживеа колективна катарза. Чувствувам дека природата ѝ се спортивстави на човечката немарност бидејќи начинот на кој живеевме во изминативе неколку години не беше нормален. Се свртевме кон парите, моќта, себичноста и што поголем профит. Воопшто нè не засегаше колку луѓе во светот се борат со глад, ниту пак водевме грижа за природните катастрофи. Сега, кога се соочуваме со нешто што претставува опасност за сите нас, сфативме што всушност е важно во животот“, изјави Лев.
Германскиот селектор воедно ја поддржа одлуката Европското првенство да се одложи за следната година како и сите други останати првенства бидејќи во овој период човечките животи се приоритет.