14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Изјавата на Рамос што не му дозволи на Конте да дојде во Реал

Серхио Рамос беше еден од оние кои не сакаа Хулен Лопетеги да добие отказ од Реал Мадрид. Капитенот на Кралскиот клуб веруваше дека мадриѓаните и со Лопетеги може да се врати на победничките патеки, но, сепак, тренерот доби отказ. Како најголем фаворит за наследник на Лопетеги се споменува Антонио Конте. Рамос е најголем противник на идејата италијанскиот стратег да дојде на „Сантијаго Бернабеу“. Токму поради реакцијата и изјавата на Рамос, Реал го стопираше евентуалното доаѓање на Конте и засега е неизвесно дали тоа може да се реализира.

„Почитувањето се стекнува. Не е важно ни името ни ништо друго. Освоивме сè што можеше да се освои со најразлични тренери и на крајот важно е тренерот да се посвети на запознавање со играчите, а не веднаш да се занимава со технички работи. Тренерот не треба да се става себеси пред играчите и нема што да се докажува“, рече Рамос, кој е лут на идејата да биде доведен Конте.

Засега како замена за Лопетеги ќе биде Сантијаго Солари, кој досега го водеше тимот Б на Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести