Гвардиола нема никогаш повеќе да ја освои титулата во ЛШ поради „африканската клетва“ (ФОТО)

Пеп Гвардиола по заминувањето од Барселона никако да успее да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Тој минатата сезона беше најблиску со неговиот тим, Манчестер сити, откако загубија од Челзи со 1:0, но и вчеравечер против Реал Мадрид минути ги делеа од пласман во финале.

Јаја Туре, некогашниот играч на Манчестер сити и Барселона, во 2018 година изјави дека Гвардиола никогаш повеќе нема да ја освои титулата во Лигата на шампионите поради „африканската клетва“.

„Пеп ја сврте цела Африка против себе. Јас сум сигурен дека многу африкански шамани во иднина нема да дозволат Гвардиола да дојде до титулата во Лигата на шампионите, а тоа за него ќе биде ‘африканска клетва’.

Животот ќе покаже дали сум во право или не“, изјави своевремено Туре.

- Оглас -

Најнови вести