2.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Излегоа квотите за првите полуфинални мечеви во ЛШ, предност им се дава за домаќините

Синоќа стана јасно дека полуфиналните двојки во Лигата на шампионите во фудбал се Арсенал – ПСЖ и Барселона – Интер, па во Sport Life веднаш се појавија и квоти за првите натпревари закажани за 29 и 30 април.

Според овие коефициенти, Арсенал е фаворит за победа на првиот меч против парижаните, квотата на Топчиите е 2.02, а за победа на Светците е 3.55. ПСЖ во осминафиналето и четвртфиналето елиминира англиски екипи, па пред Арсенал е тешка задача, но не беше лесно да се совлада ни Реал Мадрид, а тие го направија тоа.

За другото полуфинале, Барселона е прилично јасен фаворит на првиот меч кој го игра дома против Интер. Италијанскиот првак во четвртфиналето победи во Минхен, знаел да биде незгоден ривал за Барса, па и тука треба да има голема борба за место во финалето, иако Каталонците како најефикасен тим во Европа се во предност, барем на хартија.

Интересно е дека во полуфиналето има три тима кои беа во топ 4 на табелата по лигашкиот дел од сезоната (од првите четири го нема само Ливерпул, кој заврши прв, но испадна во осминафиналето), исклучок е ПСЖ, кој беше 15-ти и мораше да игра и бараж за влез во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести