Излегоа на теренот со маски, ама судијата не им дозволи да играат маскирани

Фудбалерите на Пескара вчера на гостувањето кај Беневенто на теренот се појавија со маски на лицата, но пред мечот судијата им кажа дека правилата не дозволуваат да настапат со таква „дополнителна опрема“, па мораа да ги симнат.

Бугарскиот интернационалец Валери Божинов, кој беше исклучен уште пред да заигра за Пескара, и вчера не играше, но за сликање е прв и можеби негова била идејата да се појават со маски. Инаку Пескара загуби со 0-4.

- Оглас -

Најнови вести