Излегоа порано од стадионот и цел живот ќе се каат (Видео)

Не сите навивачи на Реал Мадрид веруваа дека нивниот тим ќе успее да направи пресврт во дуелот со Манчестер сити на „Сантијаго Бернабеу“. Меѓу преполниот стадион од 80.000 гледачи имаше и такви кои предвреме го „отпишаа“ својот омилен тим и решија да го напуштат стадионот пред 90-тата минута.

Тие кои го напуштија стадионот, а потоа ја слушнаа еуфоријата и радоста од трибините, побрзаа да се вратат, но редарите не им ги отворија вратите. Едноставно, кој решил да си замине, нема враќање, па останаа пред стадионот на своите мобилни телефони да го догледаат мечот, а атмосферата на стадионот да ја слушаат од надвор.

- Оглас -

Најнови вести