Неколку амрикански медиуми објавија снимки од апсењето на повеќекратната олимписка и светска шампионка Хоуп Соло што се случи во март годинава, а предизвика голем скандал во Америка.
Видеоматеријалите што вечерва се објавени од полициските камери се скандалозни бидејќи една од најдобрите светски голманки на сите времиња е и пијана и дрогирана, а со неа во автомобилот на паркинг беа и нејзините две деца.
Во еден момент Соло не знае да одговори каде живее, а среќа е што полициските службеници ја најдоа по еден час спиење во автомобилот со две деца со неа.
Моторот на автомобилот работи во моментот на доаѓањето на полицајците, што само потврдува колку Хоуп и нејзините деца имале среќа што е најдена од претставниците за одржување на јавниот ред и мир.
Втората снимка го покажува самиот почеток на скандалот кога познатата поранешна голманка и репрезентативка на САД е најдена на паркинг во Винстон-Салем во Северна Каролина заспана со двете деца во незјиниот автомобил.
За среќа, за децата нема никакви последици од шокантниот чин на нивната мајка, која е тројна олимписка шампионка со САД и еднаш беше и светска првенка, а ја сметаа за една од најатрактивните спортистки.
Тестовите покажаа дека била и пијана и дрогирана, а овој видеоматеријал сниман од полицијаците кои ја упасија на 31 март годинава можете да го погледнете ОВДЕ.
Соло е обвинета за возење во пијана состојба, давање отпор при приведување и за злоупотреба на деца.
Во јули годинава постигна договор со Обвинителството и го призна делото.
Судот и одреди затворска казна од 30 дена и парична глоба од 2.500 долари и плус 600 долари за дополнителни трошоци.