Развиени шалови, знамиња, факели и песна на сиот глас, во чест на македонската фудбалска репрезентација која попладнево ќе дебитира на Европското првенство.
Букурешт буквално е под опсада на македонската фаланга која дојде да навива и да ги бодри своите миленици кои за првпат во историјата ќе настапат на едно големо натпреварување.
Како ретко кога била вака добро звучела навивачката песма „Излези момче право на тераса“, а Романците буквално излегоа за да ја почувствуваат атмосферата и енергијата на македонските навивачи.