Излив на бес на Ѓоковиќ: Што кашлаш, п…. му мајчина бре (Видео)

Новак Ѓоковиќ не е 100 отсто заздравен од повредата и тоа го правеше нервозен на моменти од неговиот дуел против Милош Раониќ. Ѓоковиќ ретко кога губи сет против Канаѓанецот, па додека не му одеше во вториот сет, кој го загуби, Србинот му се развика некому на трибините. Забелешката на Ноле беше што некој од неговиот бокс кашлаше среде поен, па кога заврши поенот, Ѓоковиќ му се развика употребувајќи и погрдни зборови.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ треба да игра со Александер Зверев. Тој изјави дека ако не било гренслем, ќе се повлечел од турнирот, но Отворентото првенство на Австралијан му е многу важно и игра со таблети против болки.

Слушнете како Ѓоковиќ му се развика некому од неговите за кашлањето:

- Оглас -

Најнови вести