Милан беше подобар од Лацио со 2-0, по што битката за местата кои водат во Лигата на шампионите дополнително се вжештува, и последните неколку кола во Серија А ќе бидат супер интересни, бидејќи од вториот до седмиот на табелата, разликата е шест бода.
Првиот гол за Милан го даде Бенасер, а дојде после голем кикс на одбраната на Орлите од Рим, а вториот погодок беше спектакуларен. Тео Ернандес ја зеде топката пред 16-никот на Милан, дојде до противничкиот 16-ник и распали, а топката заврши во мрежата.
Лоша вест за Милан е што во 11-та минута се повреди Рафаел Леао, и неговиот настап на мечот со Интер в среда засега е неизвесен.
За Лацио ова е трети пораз во последните четири кола и по комплетирањето на колото, може да бидат симнати од втората позиција.
Погледнете ја мајсторијата на Французинот Тео и голот за 2-0:
https://www.youtube.com/watch?v=wWIXTv4DhM4