Измина точно половина век од првиот официјален меч на Светците, а вечерва ќе се борат за првата европска титула

Во август 1970 година, со спојување на Стад Сен Жермен и фудбалскиот клуб Париз, се роди денешниот француски великан Пари Сен Жермен. Неколку дена подоцна, поточно на 23 август, Светците го одиграа првиот официјален меч во клупската историја.

Беше тоа реми од 1-1 против Појтиер во рамки од втората француска лига. Судбината сакаше Светците да се борат за првата историска титула во Лигата на шампионите токму на годишнината од нивниот прв меч.

Пандемијата со корона-вирусот тотално го поремети фудбалскиот распоред, па за првпат во историјата ќе гледаме финале во ЛШ во август. За збогатување на клупското реноме, тимот на Томас Тухел ќе ги одмери силите против петкратниот европски првак Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести