ПСЖ успеа да дојде до трофејот од Лигата на шампионите дури откако се „ослободи“ од големите ѕвезди во екипата, како што беа Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе. Со оваа констатација се согласува и Аштраф Хакими, Мароканецот кој изјави дека воопшто не уживал додека играл во иста екипа со Аргентинецот.
„Со пристигнување на Меси се промени целиот проект на ПСЖ, а со тоа и стилот на игра. Игравме на друг начин и јас во тоа воопшто не уживав. Не можев да го играм тоа што го сакав и да се чувствувам значаен за екипата. Се чувствував како да сум спореден играч. Тогаш си споредував дека во репрезентацијата ме сметаат за клучен играч. Психички ми беше тешко да играм во Париз онака како што сакав. Потоа започнаа и критиките, луѓето се прашуваа зошто за Мароко играм на еден начин, а во Париз потполно поинаку. Луѓето не можеа да ја сфатат разликата.“ – рече Хакими.

