Изненадувачка победничка на првиот ВТА-турнир во ерата на корона-вирусот

Французинката Фиона Феро го освои турнирот во Палермо, прв ВТА или АТП тениски турнир по петмесечна пауза. Таа во финалето ја совлада Естонката Анет Контавејт (четврта носителка) со 6-2, 7-5. По победата во Палермо, 23-годишната Феро ќе напредува од 53-тото на 44-тото место на најновата ВТА листа која ќе излезе утре.

За Феро ова е втора титула во кариерата, откако лани го освои пехарот во Лозана. Тенисот од март беше во прекин, а за три недели почнува гренслемот Отвореното првенство на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести