Шведскиот напаѓач Александер Исак е нов играч на премиерлигашот Њукасл, а трансферот од 70 милиони евра е рекорден и за Чавките, кои досега за никого не платиле толку многу, и за Реал Сосиедад, за кого ова е најбогата продажба.
Стариот рекорд на Сосиедад беше кога го продадоа Антоан Гриезман за 54 милиони евра во Атлетико Мадрид.
Њукасл со ремито 3-3 против Манчестер сити покажа дека има конкурентен состав, а со 22-годишниот Исак ќе додадат дополнителна острина во нападот. Исак викендов даде гол против Барселона и тоа се покажа како негов последен погодок во дресот на баскискиот клуб.