Изненадувања во Белград: управите на двата тима заедно во ложа, Партизан води против Ѕвезда!

Партизан има изненадувачко водство од 1-0 по првото полувреме на вечното белградско дерби против Црвена ѕвезда, потврдувајќи дека на ваквите дуели победникот никогаш не се знае однапред.

Ѕвезда има дури 21 бод повеќе од ривалот, претходниот меѓусебен дуел во септември заврши со убедливи 4-0 за Црвено-белите, но денеска Партизан води по првите 45 минути со гол на Ибрахим Зубаиру.

Фановите на двата тима имаа свои шоуа, Гробарите со факели го славеа водството, а пред мечот Делиите се истакнаа со кореографија и големо знаме со ликот на пејачот Драган Којиќ-Кеба кој е фан на Ѕвезда.

Српските медиуми објавија дека како ретко кога, во ложата заедно се раководствата и на двата клуба.

Македонскиот бек Бојан Димоски е на клупата за резерви кај Партизан.

- Оглас -

Најнови вести