Изненадување, Ендрик и друг пат имал дадено гол на „Вембли“

Супер талентот на бразилскиот фудбал, 17-годишниот Ендрик, влезе во историјата како најмлад стрелец на „Вембли“, а тој после мечот, на шега откри дека и другпат има дадено гол на легендарниот стадион во Лондон.

„Беше убаво да се даде гол на овој стадион, неверојатен спомен. И на видеоигри имам играно на Вембли и таму истотака го дадов својот прв гол за Бразил на овој стадион“, изјави Ендрик со насмевка.
- Оглас -

Најнови вести