Изненадување: Енис Барди се договорил со турскиот првак Трабзонспор!

Енис Барди наскоро ќе оди во Трабзон на лекарски прегледи и откако ќе ги помине, ќе потпише тригодишен договор со турскиот шампион Трабзонспор.

Иако се чинеше дека македонскиот репрезентативец ќе остане во Шпанија, интерес за него има од неколку клубови, сепак Барди реши да се нафати на нов чекор во кариерата и ќе го носи дресот на Трабзон, со кого можеби ќе учествува и во Лигата на шампионите ако во баражот го победат Копенхаген.

Трансферот од Леванте во Трабзонспор ќе чини околу 3 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести