Тениската сезона се ближи кон крајот, а тенисерите веќе се подготвуваат за завршните борби за пласман на мастерсот во Торино, кој ќе биде круна на сезоната. Новак Ѓоковиќ после изненадувачката елиминација во третото коло на САД опен, откажа учество на неколку турнири, но медиумите во Мексико најавија дека тој ќе биде еден од учесниците на егзибицискиот натпревар „Монументал плаза дел торос“, кој ќе се одржи кон крајот на ноември или почетокот на ноември.
Ѓоковиќ на оваа манифестација нема учествувано никогаш, а претходните години учествуваа Федерер, Надал, Алкарас, Медведев, Зверев, Руд и Пол. Последните две години рекетите ги вкрстија Надал и Алкарас, а за оваа година се уште нема информација кој ќе биде противникот на србинот.
Учеството на егзибицијата во Мексико ќе биде само дел од американската турнеја на Ѓоковиќ, за кого е најавено дека ќе учествува на слиен натпревар и во Аргентина, каде за противник ќе го има Хуан Мартин дел Потро.