Изненадување: Куман го седна Меси на клупа за дуелот со Бетис!

Роналд Куман направи изненадување во пресрет на мечот меѓу Барселона и Бетис, така што го седна капитенот Лионел Меси на клупата.

Нападот на домаќините ќе го предводат Гриезман, Фати и Дембеле, додека Меси веројатно ќе биде употребен како џокер доколку Каталонците наидат на проблеми против незгодниот андалузискит тим.

Куман сигорно сака да го одржи Меси свеж, па затоа одлучи да го остави на клупата за резерви, што е несекојдневна ситуација на „Камп ноу“. Дуелот од деветтото коло во Ла Лига почнува во 16:15 часот.

- Оглас -

Најнови вести