Роберто Манчини, неочекувано денеска си поднесе оставка од селекторската функција во италијанската репрезентација.
Манчини со Италија триумфира на Европското првенство во 2021 година, но идната година не успеа да се пласира на Светското првенство кое се одржа во Катар, откако во Палермо во полуфиналето од бараж натпреварите загуби од Македонија со 1:0.
Тој на клупата на италијанската репрезентација седна во 2018 година и најголемиот успех му беше триумфот на ЕП, додека годинава играше во финалето на Лигата на нации.
Токму Македонија ќе биде следниот противник на Италија во квалификациите за ЕП 2024, натпреварот треба да се игра на 10-ти септември, но Манчини нема да седи на клупата на Аѕурите.
Италијанските медиуми веќе започнаа со шпекулациите околу новиот селектор на Аѕурите и главни кандидати се Антонио Конте и Лучано Спалети кои се без ангажман.