Изненадување: Металург го освои Купот на Македонија

Во пенал-рулетот Металург го совлада Вардар и го освои Купот на Македонија за 2019 година.  Победникот не можеше да се издвои по нерешените 29-29 во регуларните минути, а по пет пенал-серии екипата од Автокоманда дојде до трофејот по шест години пауза, откако последен пат го освои во 2013 година.

Иако се најавуваше нов лесен триумф на Вардар, откако ракометарите во црвено-црни дресови тргнаа фуриозно и поведоа со 5-0, Металуг не крена бело знаме пред време. На паузата се замина со 16-10 во корист на Вардар, но тимот од Автокоманда подобро го отвори второто полувреме и ја врати неизвеноста на мечот.

По серијата од 4-0, Металург поведе со 20-18, а потоа се играше од гол за гол до последната минута.  Металург поведе со 29-28, Чупиќ од пенал израмни на 29-29, а по последните промашени напади на двете екипи, следуваа пенали.

Ракометарите на Металург реализираа четири пенали, додека Дибиров и Чупиќ промашија за Вардар и го препуштија пехарот на ривалот.

- Оглас -

Најнови вести