Мајнц со два гола на Корецот Ли Јае-Сунг, го изненади Баерн Минхен со 2-1 во дуел од германското првенство. Баерн ја продолжи серијата да дава гол на секој меч од Бундеслигата сезонава, но првпат ја почувствуваа горчината на поразот.
Баерн беше ослабен со отсуствата на дури девет поединци: Кејн, Гнабри, Коман, Дејвис, Палиња, Станишиќ, Нојер, Ито и Улрајх, но и без нив, гостите беа големи фаворити на дуелот со Мајнц.
Поразот на Баерн го искористи Баер Леверкузен кој победи 2-0 против Аугсбург, и им се доближи на Баварците на четири бодови разлика.