Изненадување на НБА драфтот, Паоло Банкеро е пик број 1!

Орландо меџик не го избра Џабари Смит како прв пик на НБА драфтот, иако со недели се зборуваше дека тој ќе биде број 1, и самиот Смит рече дека ќе биде изненаден ако не биде прв, па затоа изборот на Паоло Банкеро е големо изненадување.

Банкеро е од Универзитетот Дјук, а изјави дека ни самиот не знаел дека тој ќе биде прв пик.

„Дури кога комесарот Силвер излезе на сцена, на 20 секунди пред да го каже името дознав дека сум јас. Едноставно, се случи, немав време да размислам како да реагирам. Не ми се веруваше. Подготвен сум за НБА и притисокот“, рече Банкеро, кој во минатата сезона во НЦАА имаше просек од 17,2 поени, 7,8 скока и 3,2 асистенции по меч.

Инаку Банкеро е роден во Сиетл, но има италијанско потекло и избра да игра за репрезентацијата на Италија.

Втор пик е Чет Холмгрен (висок е 213, а има само 86 килограми) од Гонзага, кој го избра Оклахлма сити тандер, а трет е Џабари Смит од Обурн, кој беше избран од Хјустон рокитс.

- Оглас -

Најнови вести