Изненадување на Олстарот: Ќе се шутира и од центар

Оваа година натпреварувањето во тројки на Олстар-викендот нема да се одвива како досега. НБА-лигата направи промени со кои би требало да биде поинтересно натпреварувањето со тоа што додаде две нови позиции од кои може да се шутира.

Наместо 25 шута, натпреварувачите ќе имаат 27 шута, од кои два се речиси од центарот, поточно позициите се на 1,8 метри оддалечени од линијата за три поени. Тие шутеви ќе важат три поени, додека наместо 60 секунди, кошаркарите ќе имаат дополнителни 10 секунди за да ги изведат своите шутеви. Останатото останува исто, пет шарени топки кои важат по два поени ќе бидат распоредени на станиците по желба на самите учесници.

Титулата во ова натпреварување ја брани Џо Херис од Бруклин, додека учествуваат уште Демиен Лилард, Тре Јанг, Давис Бертанс, Бади Хилд, Девонте Грем, Данкан Робинсон и Зек Лавин.

- Оглас -

Најнови вести