Изненадување на „Сан Сиро“, Удинезе освои голем бод против Милан

Милан киксираше кога најмалку очекуваше, а Удинезе се покажа како незгоден ривал за фаворитот и успеа да ремизира 1-1 на „Сан Сиро“.

Домаќините поведоа со голот на Пјонтек, за него 20-ти во Серија А, но гостите беа подобри во второто полувреме и израмнија со погодокот на Лазања во 65-тата минута.

Имаа уште една одлична шанса веднаш по израмнувањето, но не погодија за комплетна сензација. Милан со ремито си ја закомплицира ситуацијата, иако остана на четвртата позиција, која води во Лигата на шампионите.

Имаат 52 бода, четири повеќе од Лацио, но и два меча повеќе. Удинезе стигна до 29-тиот бод во Серија А и е за четири чекори над зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести