33.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Изненадување на тренингот на Реал, се појави играч за кого велеа дека ќе паузира до мај

Реал Мадрид се подготвува за утрешниот првенствен меч со Еибар, а на изненадување на сите, на денешниот тренинг со остатокот од екипата се појави и Еден Азар. Белгиецот имаше мускулна повреда за која се претпоставуваше дека ќе го оддалечи од теренот до мај, со евентуална операција на глуждот кој му прави проблем и е причина за повредите, тој и ќе го пропуштеше Европското првенство, но изгледа дека закрепнува побрзо од прогнозите.

Азар, кој немаше тренирано со тимот од 14 март, ангажирал физиотерапевт од Белгија и тој со специфични методи му помогнал. Ако нема некој проблем, Азар би можел да помогне во вторник против Ливерпул и потоа викендот против Барселона.

Добра вест за Реал е што тренираше и Тони Крос, кој не настапи за репрезентацијата во квалификациите. На листата на повредени се Рамос, Карвахал и Валверде. Од нив, најголеми шанси да заигра против Ливерпул има Уругваецот, а капитенот Рамос дефинитивно е во аут.

- Оглас -

Најнови вести