Изненадување од Бензема, речиси по четири години играше без бандаж на раката (Фото)

Капитенот на Реал Мадрид и освојувач на Златната топка за 2022 година, Карим Бензема, со одлуката да се повлече од националниот тим на Франција врти нов лист во својата кариера, му се посветува исклучиво на клубот, а новина е што за првпат по јануари 2019 година одигра меч, додуша пријателски против Хетафе, без познатиот бандаж на раката.

Бензема речиси пред четири години го скрши малиот прст на десната рака и не сакаше да го оперира за да не отсуствува два-три месеци од фудбалските терени, па играше со бандаж.

Затоа многумина се изненадија кога видоа дека Бензема игра без завој. На 30-ти декември Реал гостува кај Валјадолид, останува да се види дали Карим ќе игра со бандаж или не.

- Оглас -

Најнови вести