Изненадување од Бундеслигата: Матс Хумелс ќе го засили шампионот Баер Леверкузен?

Матс Хумелс не доби место во германската фудбалска репрезентација за ЕВРО 2024, а одлучи и да ја напушти Борусија Дортмунд на крајот на сезоната и сега е слободен играч.

Не се очекуваше искусниот дефанзивец да го напушти „Сигнал Идуна парк“, особено откако тренерот Един Терзиќ беше отпуштен поради нивните затегнати односи. Сепак, одлуката на Хумелс остана непроменета, иако тоа не значи задолжително дека ќе ја напушти Германија. Напротив, искусниот дефанзивец би можел да го засили актуелниот шампион Баер Леверкузен.

Откако Баерн Минхен покажа голем интерес за Џонатан Тах, тренерот Чаби Алонсо ја разгледува најдобрата опција за негова замена и погледот му застана токму кај Матс Хумелс.

Со неговите 35 години тој нуди лидерство во соблекувалната, одбранбена сила, но и придонес во нападот. Неговите технички способности совршено се согласно со стилот на играта на шпанскиот тренер.

Минатата сезона Хумелс одигра 40 натпревари, постигна 4 гола и забележа една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести