Изненадување од Мадрид, Јирген Клоп ќе биде новиот тренер на Реал?

Јирген Клоп би можелo да се врати во тренерската професија пред очекуваното, со оглед на тоа што Реал Мадрид размислува да му ја довери клупата уште ова лето.

Кралевите го гледаат Клоп како идеален наследник на Карло Анчелоти, сметајќи дека Германецот има докажано искуство во управувањето со тим полн со ѕвезди и развојот на млади таленти. Иако од почетокот на годинава тој има раководна улога во фудбалскиот сектор на „Ред Бул“, понуда од Реал би можела брзо да го врати во тренерската работа.

Клоп беше посакуван и од фудбалските репрезентации на Бразил и на САД, но тешко дека ќе ја прифати улогата на селектор. Во меѓувреме, Бразилците сè уште го гледаат Анчелоти како прва опција, па ако Италијанецот ја преземе Селесао, шансите Клоп да седне на клупата на Реал значително ќе се зголемат.

Досега Чаби Алонсо важеше за најсериозен кандидат да го наследи Анчелоти, но изгледа дека Клоп би можел да влезе сериозно во трката за оваа престижна позиција.

- Оглас -

Најнови вести