Изненадување од Мадрид: Жозе Мурињо е еден од кандидатите за наследник на Карло Анчелоти?!

Раководството на Реал Мадрид сериозно размислува за смена на Карло Анчелоти на крајот од тековнава сезона, а како еден од кандидатите се споменува и Жозе Мурињо, пренесува El Gol Digital.

Сепак, шпанскиот медиум вели дека Специјалниот не е најсериозен кандидат за оваа фукнција, туку тоа е Чаби Алонсо од Баер Леверкузен. Португалецот би се вратил во Реал Мадрид само доколку со Алонсо не биде постигнат договор.

Жозе Мурињо беше тренер на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година и важи за еден од милениците на навивачите на Кралскиот клуб. Специјалниот со Реал Мадрид освои по еден трофеј од Ла Лигата, Купот на Шпанија, како и шпанскиот Супер куп.

- Оглас -

Најнови вести