Екипата на Баерн Минхен го ангажира првото засилување ова лето. Изненадувачки, првиот потпис дојде од фудбалер кој воопшто и не беше најавуван. Се работи за дефанзивецот од Штутгарт, Хироки Ито, за кого Баварците ќе платат 30 милиони евра.
Јапонецот само пред две години дојде во Бундеслигата за 400.000 евра од екипата на Џубило Ивата. Ито во претходните две сезони одигра 97 натпревари за Штутгарт, на кои имаше ефект од два гола и пет асистенции. Новото засилување на Баерн може да игра и на левата бековска позиција.