Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер, изненади со одлуката за Олимписките игри во Париз да не го повика Кајри Ирвинг, еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата и член на Далас маверикс.
Денес американските медиуми пренесуваат нови изненадувачки вести, а повторно се врзани за репрезентативната кариера на Ирвинг. Плејот на Далас, во иднина можно е да настапува за репрезентацијата на Австралија, со оглед на тоа дека е роден во Мелбурн, па нема никакви пречки за такво нешто.
Сепак, можеби само една работа е проблематична, а тоа се годините на Ирвинг. Тој за Олимпијадата во 2028-мата ќе има 36 години, па неизвесно е во каква форма ќе биде тогаш и дали воопшто ќе може да ѝ помогне на Австралија.