Изненадување од Серена Вилијамс: Не сум рекла дека ја завршив кариерата!

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс, го шокира светот со изјава дека не ја завршила играчката кариера. Иако на Отвореното првенство на САД таа најавуваше дека ќе го одигра последниот меч, се покажа дека не е така.

„Не сум се повлекла, шансата пак да играм е многу голема. Секој ден тренирам дома, во мојот двор имам терен. Мислев на транзиција, или подобар збор би бил еволуција. Малку да се оддалечам од тенисот за да се посветам на некои други работи кои ми се важни. Никогаш не сум рекла дека веќе нема да играм официјален меч“, изјави Вилијамс која освои 23 гренслем-титули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести