Изненадување, само еден поранешен клуб не му честиташе роденден на Роналдо

Втора година по ред, Реал Мадрид не му го честиташе роденденот на својот поранешен напаѓач Кристијано Роналдо.

Португалецот е прв стрелец во историјата на Кралскиот клуб, но во Реал не чувствуваа потреба да му го честитаат 39-тиот роденден преку социјалните мрежи, иако во јавноста се мисли дека Роналдо има добар однос со својот ексклуб. Сите поранешни клубови на фудбалерот на Ал-Наср, освен Реал, се огласија и одвоија простор за честитка.

„Најдобриот португалски играч на сите времиња денес слави уште еден роденден!“, напиша прес-службата на Лисабон Спортинг.

Пораката на Манчестер јунајтед гласеше: „Среќен роденден на Кристијано!

„Среќен роденден, Кристијано!“, се вели во соопштението на Јувентус.

Реал Мадрид на ниту една од социјалните мрежи не го спомна роденденот на Роналдо. Роналдо најдолго играше за мадридскиот клуб, од 2009 до 2018 година, освои четири титули во Лигата на шампионите.

„Кристијано Роналдо е дел од легендата на Реал Мадрид и секогаш ќе остане запаметен како еден од големите симболи на неговата историја“, пишува на веб-страницата на шпанскиот тим, каде што постигна 451 гол во 438 натпревари. Но, роденденска честитка нема.

- Оглас -

Најнови вести