Тиквеш после пауза од 17 години се враќа во прволигашкото друштво. Кавадарчани попладнево на арената „Тодор Проески“ во бараж дуелот го победија Силекс со 1-0, со гол на Едиз Спахиу во 54-та минута.
Во другиот бараж кој истотака се игра во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Ренова и Охрид одиграа 2-2, тетовци кои во 4 минута примија гол од 60 метри, се спасија од пораз во 89-та минута, па таму пенал серија ќе решава кој ќе биде прволигаш, и дали дури четири тима ќе испаднат од елитното друштво.