Изненадување: Стив Неш е нов тренер на Бруклин нетс

Канадската кошаркарска легенда Стив Неш е наименуван за главен тренер на НБА-тимот Бруклин нетс. Ова е големо изненадување бидејќи Неш нема тренерско искуство како главен тренер, а Нетс во следната сезона ќе има шампионски амбиции бидејќи во составот ќе ги има Кајри Ирвинг, Кевин Дурант и Деандре Џордан.

Неш и Дурант соработуваа и во Голден стејт, каде што Канаѓанецот беше консултант во стручниот штаб на Стив Кер. Се шпекулираше дека тренерската функција кај Мрежичките ќе ја врши славниот Грег Попович, па затоа ангажирањето на Неш е изненадување.

Стив Неш, кој е татко на пет деца, играше за Далас, Феникс и ЛА лејкерс, беше осумкратен ол-стар, се повлече во 2014 година, а со Бруклин потпиша четиригодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести