Изненадување во Серија А – Рома не успеа со играч повеќе да го победи Беневенто

Рома направи чекор назад во обидот по две децении да го освои Скудетото, а вечерва Римската Волчица не успеа да искористи чиста ситуација со играч повеќе да ги освои трите бода против Беневенто.

Мечот заврши без голови, за првпат во меѓусебните дуели на овие две екипи, што е успех за домаќините. Беневенто издржа со фудбалер помалку од 57-мата минута, кога беше исклучен Камил Глик поради втор жолт картон.

Рома напаѓаше, но не успеа да ја погоди мрежата на Монтипо и остана без планирани два бода. Драмата кулминираше во последните секунди, кога беше досуден пенал за Рома, но потоа и поништен поради офсајд, по прегледување на спорниот момент со помош на ВАР-системот.

Клубот од Рим остана на третото место со 44 бода, девет помалку од лидерот Интер и пет заостанување зад второпласираниот Милан.

Беневенто е на 15-тото место со 25 бода, исто колку што имаат и Удинезе, Болоња и Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести