Изненадување за Австрија – Костадинов и Младеновски се стартери, Пандев не игра

Тихомир Костадинов и Марио Младеновски се стартери за Македонија на дуелот со Австрија вечерва од 20.45 часот во Виена и тие се двете изненадувања во нашиот состав.

Капитенот Горан Пандев е повреден, но ќе биде на клупата за резерви во меч од претпоследното коло од нашата квалификациска група.

Селекторот Игор Ангеловски одлучи во нападот да игра тандемот Елмас – Трајковски.

Еве ги составите на двете репрезентации:

Македонија – Димитриевски – С. Ристовски, Младеновски, Велковски – Тошевски, Костадинов, Барди, Спировски, К. Ристевски – Елмас, Трајковски.

Австрија – Шлагер – Лајнер, Хинтерегер, Драговиќ, Улмер – Лајмер, Баумгартлингер – Алаба, Сабицер, Лазаро – Арнаутовиќ.

- Оглас -

Најнови вести