Екипата на Челзи (не)пријатно ги изненади своите навивачи откако соопшти дека во продажба се пуштени нови, ретродресови со несвојствена боја за клубот. Инспирација се гостинските дресови од 1974 година, кои на себе ги имаат боите на унгарското знаме во чест на Дејв Секстон, фудбалер на Челзи од 50-тите години на минатиот век кој бил голем фан на најсилната унгарска генерација на сите времиња.
https://twitter.com/ChelseaFC/status/1717103202251022656?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1717103202251022656%7Ctwgr%5E585612c1b4f2133e0c8a13f2872ab3ec18d57698%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fchelsea-podigao-veliku-prasinu-predstavljanjem-dresa-u-bojama-netipicnim-za-klub%2F231025147
Сепак, ваквиот избор не беше прифатен од страна на навивачите и веднаш почнаа критики на социјалните мрежи. Според многумина, ваквиот избор на бои значи поддршка за Палестина, иако од клубот се обидоа да објаснат дека изборот на дресот нема никаква политичка заднина.