Новак Ѓоковиќ по победата над Тејлор Фриц во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија, имаше интересна средба со гуру од Индија, Садгуру.
Вистинското име на Садгуру е Јагадиш Васудев и тој е индиски гуру, јога мајстор и спиритуалист, кој не го криеше воодушевувањето од средбата со Ѓоковиќ.
„Преубаво дружење со Новак Ѓоковиќ. Да се остане повеќе од две децении на врвот на своите можности во спорт каков што е тенисот, е неверојатно. Вашата посветенот и разбирањето на умот и телото претставуваат одличен пример за другите. Сè најдобро со следните мечеви“, напиша Садгуру на социјалните мрежи, каде што има 11,5 милиони фанови.
Средбата со Садгуру ја објави и Ѓоковиќ, кој на подарот доби книга „Карма“.
„Му благодарам на Садгуру за посетата и поради тоа што го гледаше мојот меч“, напиша Ѓоковиќ.