Француската фудбалска легенда Зинедин Зидан е нов амбасадор на Формула 1 тимот Алпин.
Популарниот Зизу, кој своевремено беше најдобар фудбалер на светот, а како тренер е единствен со три титули по ред во Лигата на шампионите, беше претставен вчера, на презентацијата на новиот болид на Алпин за 2023.
На церемонијата во Лондон беа и пилотите кои годинава ќе возат во Формула 1 шампионатот за Алпин, тоа се Пјер Гасли и Естебан Окон. Целта на тимот е да бидат четврти, веднаш зад Ред Бул, Мерцедес и Ферари.
https://twitter.com/i/status/1626330791172079620