Фудбалската репрезентација на Израел е во Скопје на меч од квалификациите за ЕП 2020, но еуфоријата во оваа земја е фокусирана на домашно тло. Вчера во Израел пристигна репрезентацијата на Аргентина, и тоа на чело со капитенот Лионел Меси.
Гаучoсите вечерва во Тел Авив ќе одиграат пријателски меч против Уругвај, а во градот владее вистинска еуфорија по пристигнувањето на Меси.
https://twitter.com/thesportsrabbi/status/1196127938611159040
Деновиве постоеја шпекулации дека мечот може и да не се одигра бидејќи Тел Авив беше нападнат со ракетни проектили од бунтовниците кои се во појасот Газа. Сепак, ситуацијата во земјата се смири, а Меси беше пречекан на највисоко ниво, како што заслужува еден врвен спортист.