Израел ќе се изедначи со Македонија и Словенија, Романија е закана за Шведска

Грција – БиХ (фудбал, квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Нашите јужни соседи очајно ги играат квалификациите. Само со пет бода од седум кола ја пречекуваат Босна и Херцеговина, која уште има шанса да се најде на завршницата на континенталниот шампионат. На пет од последните шест меѓусебни дуели на овие селекции резултатот беше нерешен. Босанците во овие квалификации ги загубија сите три гостувања, а тие и никогаш не победиле во Атина.

Предлог тип: ГГ (2.10)

 

Романија – Норвешка (фудбал, квалификации за ЕП, 20.45 часот)

На двата тима, второто место им е на дофат, но само со победа и да чекаат Шпанија да ја совлада Шведска. Важноста на натпреварот може да значи и претпазлива игра и помал број голови. Ако не победи, Норвешка може да се прости од ЕП, а на Романците можеби и реми ќе им заврши работа, иако со три може да дојдат на втора позиција. Летоска во Норвешка беше 2-2, овојпат нема да има толку голови.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.78)

 

Израел – Летонија (фудбал, квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Ова е меч од групата Г во која е и Македонија. Летонија нема ниту еден бод, па Израелците се апсолутни фаворити. Ако победат домашните, ќе се изедначат со Македонија и Словенија со по 11 бода. Израел во последните четири кола освои само еден бод, време е да ја прекинат црната серија. Израелците летоска во Летонија славеа со 3-0, па и сега може да се очекува сличен исход.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.75)

 

Бахреин – Иран (фудбал, квалификации за СП, 18.30 часот)

По две кола, Иран ја оправда фаворитската улога во групата и води со максимални 6 бода и гол-разлика 16-0. Иранците неодамна дома ѝ дадоа 14 гола на Камбоџа, а Бахреин истата таа Камбоџа, додуша на гости, ја совлада само со 1-0. Бахреин има реми и од дуелот со Ирак, што е доказ дека не е толку слаб. Иран од 2004 не победил во Бахреин. Можеби нема да има премногу голови, но гостите се посилни, двојката е реална.

Предлог тип: 2-2 (2.35)

 

Полска У21 – Србија У21 (фудбал, квалификации за младинско ЕП, 18.00 часот)

Минималната победа против Бугарија го поправи расположението кај Орлињата кои имаат четири бода од три кола, но за да имаат напредок на табелата, им треба и победа над Полска во Лоѓ. Србите ќе имаат посебни мотиви, се вратија во игра за пласман на ЕП во оваа возрасна категорија, а ако им се погодат резултатите (да не победи Русија), може дури и да го преземат првото место. Во март во пријателски меч, Србија победи со 2-0.

Предлог тип: Х (3.00)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Финска – Ерменија Т1 2-4 (2.10)

Шведска – Шпанија Х2 & T2 2+ (2.15)

Швајцарија – Р. Ирска 1-3I & 1-3 II (2.25)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести