Во последните неколку недели израелскиот фудбал е под постојана закана дека може да биде суспендиран во меѓународни рамки. Поради агресијата врз Газа, има постојани притисоци дека Израел треба да биде суспендиран од фудбалските натпреварувања, како што беше направено со Русија пред неколку години. Русите беа исфрлени од многу спортски настани поради агресијата врз Украина.
Израел го „преживеа“ првиот притисок откако ниту УЕФА ниту ФИФА не донесоа одлука за суспензија. Токму затоа израелските екипи продолжуваат со настапите во европските купови, а репрезентацијата на Израел со трката за пласман на Светско првенство во 2026 година.
Интересно е тоа дека дури и ако УЕФА во следните неколку месеци реши да го суспендира Израел, ако тоа не го направи и ФИФА, оваа земја ќе може да игра на завршницата на Светско првенство, секако доколу избори пласман на Мундијалот.
Тоа е така затоа што под капата на УЕФА се натпреварувања како Европско првенство, Лига на нации, Лига на шампиони, Лига на Европа, Конференциска лига, како и европските квалификации за СП. Сепак, ако Израел обезбеди место на Мундијалот, а ФИФА не ја суспендира, оваа земја ќе може да игра на завршницата дури иако УЕФА донесе забрана.