Вчерашната победа на Италија над Грузија од 22-5, покажа дека на Европското првенство во ватерполо за мажи, има големи разлики во квалитетот и дека на одредени тимови можеби и не им е местото на ЕП, а тоа денеска доби потврда откако Србите го декласираа Израел со 22-1.
Израелците не постигнаа ниту еден гол во првите две четвртини и покажаа дека не се дораснат противник за селекции од врвот на европското ватерполо.
Вечерва слично сценарио може да има на дуелот помеѓу Германија и Малта.