Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби со максимални 0-3 (по сетови 22-25, 16-25, 18-25) од Израел во меч од Златната европска лига кој се одигра во салата „Парк“ во Струмица.
Нашите Спартанци немаа поддршка од публиката, поради безбедносни причини мечот се одигра без публика, но Израел се покажа како посилен тим кој не случајно нема пораз после пет меча и е единствен непоразен во Златната лига, а Македонија има една победа на пет меча во оваа конкуренција.
Следниот меч за Македонија е задутре против Црна Гора, истотака на домашен терен и тоа ќе биде шанса за победа, Црногорците уште немаат победа после четири кола.